Бугарија не може да ни го земе Гоце Делчев, затоа што Владата беше видовита и прифати дека е Хелен

0
223

Пратеникот Илија Димовски со ироничен коментар на барањето на Софија, Македонија да се откаже од Гоце Делчев ако сака да не биде блокирана за НАТО и ЕУ.

„Според договорот од Преспа Гоце Делчев е Македонец со античка хеленска култура и наследство…“, пишува на шега Димовски кој индиректно ја обвинува Влада за хаосот што го направи со потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција.

Според договорот од Преспа владата во Скопје прифаќа сите Македонци во Грција да се од дел од хеленското културно наследство а Гоце Делчев бил роден во Кукуш, денешен Килкис кој се наоѓа во денешна Грција.

Димовски на духовит начин прави паралела меѓу грчките и бугарските барања за дел од македонската историја и култура:

„Владата беше видовите и го спаси да не биде Бугарин…“ додава Димовски со доза на сарказам за потезите на македонските власти.

Ilija-Dimovski-TW-Goce-Delcev

Коментирај