Бугарија го слави тажниот говор на Заев: Македонски премиер призна дека и Бугари живеат во неговата земја (ФОТО)

0
1102

Ултра десничарскиот европратеник од партијата на Каракачанов ВМРО-БНД Ангел Џамбаски го пофали говорот на Зоран Заев во Европскиот парламент и го нарече родољуб на татковината поради тоа што Заев за прв пат признал дека во Македонија живеат и Бугари. Тој му честиташе на Заев и истакна дека тој сега ја пишува историјата.

Dzambaski-Twitter-Zaev-bugari

„За првпат премиерот на Република Македонија признава дека и Бугари живеат во неговата земја. Зоран Заев, премиер на Република Македонија, пред Европскиот парламент. Сега. Тој пишува историја. Браво! @Zoran_Zaev #Македонија #Бугарија #Татковина #Патриотизам“.

Во говорот Заев рече: „Како мултиетничка земја, знаеме и ги почитуваме придобивките од заедништвото. Го негуваме концептот „Едно општество за сите“ и знаеме дека силата на општеството доаѓа од единството. И затоа во нашата земја имаме широк консензус за влез во ЕУ и во НАТО. 

Во тој консензус се обединети Македонците, Албанците, Турците, Ромите Србите, Бошњаците, Власите, Египќани, Бугари и сите останати“.

Досега во јавните настапи на македонските државници, вклучувајќи ги и јавните настапи и на самиот Зоран Заев, биле спомнувани само етничните заедници набројани во Уставот, а Бугарите не се едни од нив.

Коментирај