Буфон: Не играме финале со Тотенхем и подобро е што е така

0
134

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се надева дека неговиот тим има сили да одигра добар натпревар со Тотенхем и да обезбеди поволен резултат на реваншот во Лондон во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Не треба да го сфаќаме овој меч како финалето на Лигата на шампионите. И подобро што не е финале затоа што сите знаете како поминуваме таму. Ние треба да покажеме карактер. Се надевам дека ќе се потрудиме да ја прикажеме нашата препознатлива игра, бидејќи имаме шанса да играме во четвртфиналето. Ќе биде тешко, Тотенхем покажа во Торино квалитет, но веруваме вашето искуство, изјави Буфон.

Првиот натпревар одигран во Торино заврши со резултат 2: 2.

Тотенхем и Јувентус ќе играат вечерва на „Вембли“ со почеток во 20:45 часот.

loading...

Коментирај