Брза детоксикација: Прочистување на организмот од шеќер за само 3 дена

0
464

Лекарски и научно докажан факт е дека шеќерот(особено во зголемени количини) е штетен за организмот, но она што многумина не го знаат е дека повеќето намирници, кои ги јадеме во текот на денот, содржат токму шеќер кој несвесно го внесуваме преку оброците.

Нашето тело го трансформира шеќерот во енергија, а неискористените делови ги претвора во масти, што предизвикува зголемување на телесната тежина.

Иако е речиси невозможно да се заобиколи шеќерот во секојдневната исхрана, обидете се да издржите тридневна детоксикација, со која ќе го елиминирате вишокот шеќер од телото.

Покрај тоа, овој тип на исхрана е здрав и ги содржи сите потребни хранливи материи за квалитетен живот, така што можете да го повторувате често (или пак воопшто да не прекинувате)!

Тридневната детоксикација за исфрлање на шеќер од телото се состои од внимателен избор на храна. За време на детоксикација, вклучете овесни снегулки, риби, ореви, пилешко, зеленчук, јогурт или кефир во храната.

Не постои јасно пропишан план за исхрана за овие 3 дена. Потребно е само да се избегне шеќерот (дури и овошјето)!

За појадок, јадете овесна каша со јогурт. За ручек, пилешко на скара и салата по ваш избор.

Подгответе ја својата омилена риба со блитва.

Пијте вода и незасладени чаеви во текот на денот.

Пожелно е да се исфрли дури и кафето, но можете да си дозволите едно незасладено кафе дневно.

Извор: taratur.mk

Коментирај