Брз и сочен колач со јаболка и бисквити

0
247

Најмекиот колач со јаболка и бисквити, ќе го направите многу брзо!

СОСТОЈКИ:
600 гр бисквити
1 кг јаболка
2 пудинга од ванила
600 мл млеко
250 гр шеќер
250 мл слатка павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Прелијте со 300 мл млеко и шеќер, ставете да се готват десетина минути. Во останатото млеко разматете пудинг па згответе го кога јаболката ќе се зготват.
На тепсија со димензии 20х30 наредете ред бисквити, па ред врел фил, бисквити, фил, бисквити, фил, бисквити. Разматете слатка павлака и завршете го колачот. Оставете во фрижидер да се излади, најдобро до наредниот ден за бисквитите да омекнат.

Коментирај