БРУКА: Заев го прими Курц со погрешно знаме – латвиско наместо австриско

0
2880

Голем кикс на влалдиниот протокол се случи утринава кога во Скопје пристигна Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц каде пред Владата беше пречекан од премиерот Зоран Заев.

Наместо знамето на Австрија беше поставено она на Летонија.

Знамињата на двете земји се слични, црвено со бела лента на средина, со тоа што австриското е поделено на 3 еднакви делови, а во латвиското е со потемна црвена боја и белата лента е потесна.

Zname-na-Avstrija
Знаме на Австрија
Zname-na-Latvija
Знаме на Латвија

Грешката први ја забележаа австриските новинари кои ја следат посетата на Курц. Веста потоа се пренесе и до владиниот протокол, но од нив немаше официјална реакција.

Откако ги ислушаа австриската и македонската химна, премиерите Курц и Заев примија рапорт од гардиниот офицер и потоа продолжија по црвениот тепих кон влезот на Владата, а патем гостинот се поздрави и со владината делегација министри со кои заено влегоа внатре на официјални разговори.

Внатре во Владата беше поставено точното знаме – австриското.

Коментирај