Бројот на медицински интервенции од загадениот воздух рапидно расте: Скопјани не можат да дишат

0
164

Скопјани ги минуваат можеби најстрашните денови, последната недела има интензивна висока загаденост на воздухот, во најголем дел од скопските општини.

Додека СДСМ ветуваше пред изборите дека во Македонија „ќе донесе“ чист воздух, Скопјани вчера не можеа да дишат.

Вчера во текот на вечерта загаденоста на воздухот во скопската населба Лисиче изнесувала рекордни 533 микрограми на метар кубен, во Карпош исто така е измерено големо ниво на загаденост и тоа 270 микрограми на метар кубен, додека кај ректоратот во Скопје се измерени 265 микрограми на метар кубен.

Освен во Скопје вчера загаденост на воздухот е забележано и во Куманово каде што се измерени 288 микрограми на метар кубен.

Инаку минатите денови и за време на викендот загаден воздух дишеа и граѓаните на повеќе општини во Македонија.

Овие денови, како и утрово мерните единици покажуваат застрашувачки параметри, доказ за тоа е и зголемениот број на интервенции на итната помош.

Се повеќе граѓани се жалат на проблеми со дишење, а тие велат и дека потребни се итни нови мерки.

И додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов неодамна ги обвини граѓаните дека се виновни за загадениот воздух тој се уште нема преземено ниту една мерка од вкупно 39-те кои ги вети пред изборите.

Инаку во моментов на интернет е направена и страница- бројач кој ги брои потпишаните не исполнети ветувања на градоначалникот Шилегов.

Дел од ветувањата на Шилегов беа: Вклучување на граѓани во носење одлуки кои ги засегаат жителите на Град Скопје.

Јасна и јавна поделба на ингеренциите помеѓу Град Скопје.

Општините и ДИЖС, Воведување на итни вонредни мерки за време на грејната сезона.

Стоп за прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат.

Санирање на коритото на Вардар.

За најризична жешка точка ОХИС под итно покривање на депониите

Инаку според мерењата во Скопје воздухот изминатиот месец бил загаден рекордни 26 денови, концентрациите на ПМ10 честичките целиот месец се над дозволеното од 50 микрограми на метар кубен и достигнуваат вредности и од 200 микрограми, па се до над 600 микрограми.

Сите 39 ветувања можете де ги погледнете ТУКА.

Коментирај