Бројки и секс

0
2351

Кога бројките и сексот се во прашање обично не интересираат многу работи, а многу истражувања се направени точно за тоа – броевите.
Во фокусот на овие истражувања се ставени лицата од посилниот пол и анализирано е која е големината на машкиот полов орган за време на ерекција, на колку години просечно мажите ја губат невиноста, колку им трае во просек еден сексуален однос…

Иако секој за себе во склад со партнерот одредува што му е нормално, интересно е да се погледнат статистичките податоци кои што покажуваат што сакаат мажите, што очекуваат итн…

1. Големина на пенисот
Ако им веруваме на американските истражувања, објавени во весникот Journal of Sexsual Medicine, просечната големина на машкиот полов орган во ерекција изнесува 13,97 сантиметри. Истото истражување открива дека во просек момците ја губат својата невиност на 17 години.

2.Употреба на кондом
Загрижувачки е податокот дека само ¼ од мажите користат кондом секој пат кога имаат секс. Дури и 2/3 од истражуваните лица признале дека тоа и не ги интересира многу.

3.Честото гледање на филмови за возрасни
Најновото истражување за сексуалните навики на мажите објавено во Archives of Sexual Behavior, открива дека 6% од мажите не гледаат филмови за возрасни на неделно ниво, 30% гледаат еднаш до два пати неделно, 39% гледаат три пати додека пак 19% уживаат 6 до десет пати во неделата. Ги има и такви кои што гледаат и повеќе од 11 пати а тие се 7%.

4. Траење на сексуалниот однос
Според истражувањето на Journal of Sexual Medicine просечното траење на сексуалниот однос е 3 минути и 45 секунди. Истото истражување покажува дека жените би посакувале сексуалниот чин да трае 23 минути.

5. Колку пати неделно мажите имаат секс?
Мажите кои што се во брак во просек сакаат да имаат секс три пати неделно, додека пак оние во врска 4 пати.

6. Омилени пози
Според истражувањето на мажите во просек најомилена поза им е „мисионерската“ и „Doggy style“.

7. Игри со „секс играчки“
Истражувањето објавено во Journal of Sex & Marital Therapy открива дека дури 80% од мажите мислат дека со помош на вибратор жените полесно би доживеале оргазам. 2/3 од мажите признаваат дека сексуалните играчки во креветот им ја намалуваат тензијата, бидејќи им се намалува грижата како ќе се „покажат“ во кревет.

Коментирај