Бројката на партиски вработувања од страна на СДСМ вртоглаво расте- функционерите секојдневно си ги вдомуваат најблиските (ФОТО)

0
178

Непотизмот продолжува да царува во државната администрација и единиците на локалната самоуправа.

СДСМ, партијата која се „колнеше“ во политика спротивна на онаа која ја напаѓаше десет години наназад очигледно тоа го правела само со единствена цел- борба за функционерска фотелја.

Најсвежиот пример во јавноста веќе со денови е вест број еден, а тоа е дека синот на Мира Стојчевска, пратеничката од СДСМ си го вработила синот Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ, додека својот брат Цветан Велевски во РЕК Битола.

Мирослав Грчев неодамна синот Димитар Грчев си го вработи исто така во ЕЛЕМ, а на листата за државна плата од ЕЛЕМ се најде и ќерката на Талат Џафери, Бесија Џафери, додека неговиот баџанак Нури Бајрами е член на Државната комисија за спречување корупција ДКСК.

Пратеничката Магдалена Несторовска исто така сопругот си го вработила во ЕЛЕМ, додека пак синот на Љубомир Фрчковски е втор човек на АД за стопанисување со станбено деловен простор.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков си ја вработил сопругата како наставничка, додекаВладо Бучковски синот си го вработи во МЕПСО.

Листата на партиски вработувања на СДСМ не застанува тука, па така ги има наградено иНевзат Бејта чија ќерка Фиторе Бејта во МЕПСО, а сестрата на Асаф Адеми, Хидоете Алили во ЕЛЕМ.

Горан Мисовски како награда за успешноста кон власта и СДСМ доби вработување на својот син Кристијан Мисовски во Агенцијата за супервизија на осигурување.

Костадин Костадинов си ја вработи мајката Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица, додека Рената Дескоска си го вработи зетот во Државно воздухопловно претпријатие.

СДСМ не му остана должно ниту на Крешник Бектеши чија сестра Влора Бектеши ја вработи во МЕПСО, додека градоначалникот на Берово Звонко Пекевски сопругата си ја вработил како наставничка.

Теута Арифи нејзината сестра Кујтиме Беќири ја назначила за заменик директор на ОУ „Истикбал“ Тетово.

Наташа Петровска братот си го вработила како наставник по математика во ОУ „Е.Карамнди“ Битола, додека Александар Кирацовски, сестрата Марија Јосифовска ја поставил за Советник во Централниот регистар.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јовановски во знак на благодарност кон прилепчани и победата на изборите си ја вработил внуката Цвете Станојоска во општината.

Коментирај