Британската полиција веќе користи нова технологија за препознавање според лицето

0
650

Полицијата во Велика Британија веќе користи нова технологија за препознавање на лица со цел идентификување на криминалци. Новата технологија била користена во крајот на мај во Велс, но тоа се уште не е официјално потврдено. Камери за надзор идентификувале осомничен, споредувајќи ја неговата фотографија со фотографии од база на податоци. Полицијата во Велс ја тестираше оваа технологија за време на финалето на Лигата на Шампионите во Кардиф. Ако програмата се покаже како успешна, органите на редот ќе го применуваат новиот метод за спречување на кривични дела. Препознавање на лицето ќе може да се користи и на аеродромите.

Коментирај