БРАВО ЗА ИСКРЕНОСТА: Ова е најлудото CV на сите времиња!

0
8255

Ова е дефинитивно најлудото CV кое сте го виделе некогаш!

Во потрага по работа секој од нас некогаш бил принуден да состави CV со кое ќе конкурира за посакуваната работа. На работодавачите, пред се, им е важно CV-то да биде вистинито и што повеќе да одговара на системот на кој работи нивната компанија. Ви даваме пример како треба да изгледа едно сериозно и тотално искрено CV:

„Целосно сум неподготвен да работам под притисок, како и прекувремено, освен ако не е добро платено. Не дозволувам никој да ме искористува и да се изживува врз мене. Искрено ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам ни да си ги покријам тековните трошоци., плус да ми остане за гардероба, книги, патувања, излегувања, спорт и провод, што спаѓа во нормален живот, а не е луксуз.

Функционирам по принципот колку пари – толку музика.

Исто така, воопшто не ме интересира што имате проблеми, бидејќи не учествувам во добивката на вашата компанија, туку работам за плата. Очекувам вашите обврски кон мене да ги извршувате по договор и на време, како и да ги почитувате неработните денови и празници. Исто како што вие очекувате од мене да бидам на работа и да да си ги извршувам задачите во работните денови. И нормално дека ќе ве напуштам штом најдам нешто подобро.

Да повторам – јас работам за плата, вие за добивка. Комуникативен сум за пристоен и нормален свет, за оние другите имам краток фитил. Пцујам на неколку светски јазици, а сериозен разговор водам само на Македонски и Англиски, и немојте со филмот на мултинационална корпорација, не ви оди. Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто завршив и останав во оваа земја, со оглед на тоа каквае. Се усовршувам сам, бидејќи сум љубопитен и можам и без вас, сметам дека животот има смисол и без умирање на работа. Реагирам само на позитивна стимулација. Не ме гушете со тренинзи и timbilding будалаштини. Ако веќе одите по тие западни фори, тогаш понудете и западни услови и плата. Она што не знам, ќе го научам, па не сум дебил!

И да, постојат и работи кои би ги работел со ентузијазам и тоа бесплатно, ама тоа не е работа што вие можете да ми ја понудите.“

Коментирај