Братот на Борис Трајковски за Ѓорчев: Влатко е чесен и може да биде претседател на сите граѓани

0
950

Братот на поранешниот претседател Борис Трајковски, Мојсеј Трајковски јавно го поддржа Влатко Ѓорчев како кандидат за претседател на државата.

„Јас Мојсеј Трајковски, брат на Борис Трајковски, давам целосна поддршка на кандидатот за претседател на Македонија Влатко Ѓорчев, кој е чесен и поштен човек и може да биде претседател на сите граѓани на државата“, напиша тој на социјалните мрежи.

Mojsej-Trajkovski-FB-za-Vlatko-Gjorcev

Инаку, Мојсеј Трајковски е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година. Тој му порачал на Влатко Ѓорчев дека ја има поддршката од него, но и од други ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Mojsej-Boris-Trajkovski

Владимир Ѓорчев доби поддршка и од семејството на поранешнопт Претседател на Собранието на Република Македонија и амбасадор – Љубиша Георгиевски

Коментирај