„Брат брата рани со тендери и субвенции“: Градоначалникот на Кочани на својот брат му обезбедил 312 илјади евра за сомнителна фирма

0
431

Брат брата рани со тендери и субвенции, тешко на оној што нема брат чауш од СДСМ. Токму така, како поговорката, градоначалникот на Кочани Николчо Илијев-Коката од редовите на СДСМ кој високо котира во круговите блиски до Заев, успеал да му обезбеди 312 илјади евра донации за некакви иновации-бла бла на својот помлад брат Томе Илијев газда на сомнителна фирма за производство на гамби пиперки, стои во постот на Фејсбук страната Јован Кукузел.

„Сето тоа у 5 до 12 за време пред изборните циклуси. Ете како владее непотизмот дури и во зафрленото-иселено-ограбено-уништено Кочани..Фирмичка пред пропаѓање со 20 тина вработени да добие таква астрономска сума наши пари за некакви иновации, сето тоа е премногу сомнително и наликува на владеењето на ДПМНЕ кога и монасите имаа свои фирмички-тендери итн. Поради ваквите аномалии -непотизми-грабизми на локални моќници на СДСМ партијата изгуби во градовите од источниот регион..Понатамошни коментари за ваквите случаи на грабеж и незаконско земање на државни субвенции-донации е излишно. Љубчо Георгиевски-Шизикот на времето така даваше -фрлаше државни пари на разно-разни балдази-баџанаци-сељачишта во карирани кошулки каде Бубчо ждерел баници и млеко. И сега по 15 години де-жа-ву ситуации-прилики каде квази социјалдемократи си делат парички на припадници од своите тесни фамилии. Примерот на Макрадули и Кирацовски го следат и локалните моќници дури и во најзабаталените градчиња на Северџанската наша вукоебина, заробената -окупирана земја од страна на Хунтата.Народот во кочанско-виничко кој важи за нај-беден во цела Европа со дефинитивно најмала дневница во Европа, ќе врзува крај со крај со ебани 200 евра платички, а типови ко актуелниот кмет на Кочани ќе фаќаат врски по министерствата-владата за да браќата-сестрите-роднините земаат багатела неповратни 312.000 еврича. Ако се успешни бизнисмени евала нека сами ги заработат тие пари, а не наш грб, од наши пари да се богатат. Наместо поттик за странски инвеститори кои нели ги бара брат Љубе и само што не дошле, тие партијците од Хунтата овозможуваат богатење на своите роднини. Ова го нема ни во Зимбабве дефинитивно“, стои во постот на Фејсбук на оваа страница.

Коментирај