Бранкица Димитровска: Положбата на врвот ви е мизерна – Ги дотуркавте лицата со телесен инвалидитет до раб на сиромаштија

0
541

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост и денешниот настан во Владата на Република Македонија на кој присуствуваа претставници на граѓански организации, институции, амбасадори и други, преку својот Фејсбук профил реагираше Бранкица Димитровска, претседателка на здружението „Хендикеп плус“ и активистка за правата на лицата со посебни потреби.

Нејзината Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

„И за 3 Декември – Денот на лицата со инвалидитет ПОЛИТИЧАРИ: ПОЗЕРИ И ПАРАДЕРИ !!!! ПОЛОЖБАТА НА ВРВОТ ВИ Е МИЗЕРНА!!! Им помагаат на слепите луѓе да преминат улица, и потоа со префинет гест им симнуваат капа. А кој ќе го види тоа?? Тие се слепи…

Околните набљудувачи, се разбира. Ја ловат почитта од луѓето, нивната восхит, наклонетост. ЗАЉУБЕНИ ВО СВОЈОТ ЛАЖЕН ИМИЏ НА ДОБРОЧИНЕТЕЛИ во исто време не дотуркавте во ситуација, нас лицата со ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ ДО РАБ НА СИРОМАШТИЈА !!!!

Од тука, принудени сме и доведени во ситуација во која секој од нас, лицата со инвалидитет треба да работи и во улога на потсетник кога оној другиот „задремал“ или „заталкал“ во својата работа во Министерството за Труд и Социјална Политика!!!

ПОЛОЖБАТА НА ВРВОТ ВИ Е МИЗЕРНА… Ако ја ставите бариерата пред оние кои одат чекор по чекор кон целта, или пак ако ја ставите бариерата кон оние кои имаат хендикеп, ја ставате бариерата и пред човештвото.

Не смеете да дозволите да згасне човештвото, мора да ја разбудите свеста, И РЕШЕНИЕТО ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НЕзаМИЛОСРДИЕ !!! ДАзаЧовековиПрава !!!“

Коментирај