Божиновски „распали“ по Спасовски: Броени се деновите, а потоа следува одговорност – граѓаните ќе ја дознаат вистината

0
167

„На #Спасовски Јанева му била сомнителна!? Аха, океј. И какви активности презема твоето министерство околу тоа, освен што и удривте печат на пасошот пред да замине на одмор во Грција во ек на истрагата? Не престанувате да го газите интелектот на македонскиот народ, спрегата извршна власт-судска власт-обвинителство не можете веќе да ја скриете. Никој повеќе не ви верува

Туку, Оливер, да не биде не си прашан – не ти е сомнителен #ТендерРашко со радарите и хеликоптерите, #Дудуш со ќотеците како воспитна мерка, #Боку13LV со хуманитарните активности и гала свечености, на кои седеше рамо до рамо со него, #ИгорСпасов за кого три месеци криевте дека е избеган, поигрувајќи се повторно со трагедијата на семејството Нешковски, бодигардот на #Анѓушев кој тепа гости по игротека, во исто време кога бодигардите на градоначалникот на #Бутел претепуваат човек, сите сомнителни тендери без #СоветЗаЈавниНабавки, дружбите на твојот #Максо со Боки, додека Куманово тивко умира во својата загаденост…

Уште многу писанија и прашања има, министер #Спасовски, но радува само едно – броени се деновите, уште месец и половина од мандатот на најнеуспешниот министер на #МВР што Македонија го имала

А потоа, потоа следува одговорност, граѓаните ќе ја дознаат вистината“, напиша на Фејсбук, членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски.

Коментирај