Божиноски (ДОДОМА): КАКО ДО ПОДОБРА ДРЖАВА (или за двата типа на „човеколики-вируси“ кои живеат во Македонија)

0
168

За да се има подобра држава драги мои потребно е да има луѓе спремни и одлучни да ја направат таква. Не можеме да се надеваме на ништо подобро се додека здраво и силно нé ОДЛУЧИ(ме) да го доведеме нашето општество да тежнее кон совршенство од „главата до опашката“.

Но што се случува во реалноста..!? Во реалноста постојат два типа на “човеколики вируси” , и во зависност од тоа кој ќе успее средината за живеење да ја уреди според сопствените потреби, ќе направи другиот да изумре. Средина нема…! Едниот расте – другиот се губи.

Едниот „човеколик вирус“ живее, расте, се развива, се размножува, се храни и вирее во хаотична(кисела) средина полна со недоречености, законски и правни дупки, криминал, корупција и секаков друг вид на хаос и беззаконие кој можете да го замислите во сообраќајот, во здравството, во образованието, во екологијата, во безбедноста…итн..итн и во една таква животна средина тој вешто знае ДА СЕ ДВИЖИ, да јакне и да опстојува. Тој секогаш тежнее да ја направи средината таква за да може да се развива.

Другиот „човеколик вирус“ е создание на редот, поредокот, правдата, моралната, духовната и материјалната чистота во секој нејзин облик. Создание кое не може и не сака да живее во хаос и неред, загаденост, нечистота и беззаконие. Едноставно се гуши, не се снаоѓа, трпи.., и се губи. Не е способен (заради совеста) да се адаптира-мутира.. и.. гасне..

Сега…!? искрено прашање за искрен себе-одговор…

Се адаптираме(мутираме) ли ние по потреба соодветно на нашата позната „надворешна средина“…!?

…тоа го прават и нашите власти… „од главата до опашката“ , затоа тешко доаѓаме до подобра држава. Мутираме по потреба…, а потребите ни се алчни и бескрајни…тоа е нашиот пораз. Тоа е дефиниција за лицемерие.

Пишува: Крумислав Божиноски (ДОДОМА – Движење за организирана духовна обнова на Македонија)

Коментирај