Ботоксот може да ја намали хроничната болка

0
418

Освен тоа што ги средува брчките, ботоксот ублажува и болка – ова го потврди уште едно истражување.

Извесен период наназад инекциите со ботокс се користат против болки во вратот, грбот и главата, а често пати и против мигрена.

Имено, додека стандардната инекција ја ублажува болката во текот на следните три дена откако ќе биде примена, дополнителна корист од ботоксот е тоа што делува на нервите на конкретен дел на тој начин што ги парализира и до три месеци и како што тврдат истражувачите, без штетни последици.

Иако тоа е дискутабилно, сепак резултатите од студијата го потврдуваат позитивниот ефект.

Треба да се има предвид дека во рацете на нестручни лица, ботоксот може да има катастрофални последици, дури да биде и отровен ако не се подготви на вистински начин.

Истражувањето траело 17 месеци, а учествувале 8 испитаници кои имале хронични болки. За потребите на студијата примиле 9 инекции, а по завршувањето се чувствувале подобро, бидејќи болката била ублажена.

Статистиката покажува дека од 5 до 26 луѓе од 100 000 испитаници патат од хронични болки на грбот и ‘рбетниот столб.

Коментирај