Босилек- неверојатен лек за многу болести

0
1914

Босилек или босилок (науч. Ocimum basilicum) е растение од фамилијата мртви коприви (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.

Најчесто се користи во националните кујни на Италија, Тајланд, Виетнам и Лаос.

Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς – „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.

Босилекот има силно противоспалително дејство, а супстанциите кои ги има во него се идеална алтернатива на медицинскиот канабис но без невролошки и нус ефекти. Особено ефективен е во борбата со воспаленија на цревата и ревматоиден артрит.

Во традиционалната медицина, различните видови босилек се користат при лечење на многу болести, како на пример дијабет, болести на дишните патишта, импотенција, алергии и неплодност. Тоа се должи на специфичната киселина во него која ја подобрува циркулацијата, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го олеснува дишењето.

Босилекот во народната медицина се користел при воспаленија на желудникот, цревата, треман на кашлица, уринарни инфекции и друго. Најчесто се применува во форма на чај. Други лековити својства кои ги има босилекот се:

  • Антибактериско делување
  • Антиоксидативно делување
  • Зголемување на имунолошкиот одговор
  • Го штити срцето и крвните садови
  • Помага во борба против инфекции
  • Поволно делува кај мајките доилки, затоа што ја поттикнува лактацијата
  • Ја спречува оксидацијата на холестеролот, и друго.
  • Етеричното масло од босилек се користи за инхалации, при настинки, грип, вирус, синузитис, главоболки, депресија и анксиозност и друго. Познато е дека маслото е добро за третман на акните, меѓутоа не смее да се нанесува директно на кожата, доколку не е претходно разредено.

Исто така, облогите со босилек го подобруваат заздравувањето на раните. Свежите листови од босилек доколку се тријат на кожата, се одличен домашен лек против каснувања од инсекти.

Коментирај