Бошњаковски открива на чиј трошок ќе биде отстранувањето на оградата околу Влада

0
298

Оградата од ковано железо која ја опколува Владата заминува во историјата. Одлуката поминала вчера на владина седница.

Оттаму образложуваат дека целта е јавниот простор околу објектот да биде целосно ослободен и подостапен за сите граѓани.
Што ќе се прави со оградата „тешка“ 700 илјади евра и кога точно ќе се отстранува се уште не е познато. Владиниот портпарол Бошњаковски единствено откри дека нема да се користат државни пари за нејзино отстранување, туку внатрешни ресурси, но не ја откри сумата.

-Железната ограда ќе биде ставена во депо. Бетонските столбови во овој момент, поради тоа што нивното отстранување чини премногу и имајќи предвид дека се закопани метро и триесет сантиметри под земја, ќе останат бидејќи владата нема намера да троши дополнителни пари за да се исправат грешките на минатата влада,вели портпаролот Миле Бошњаковски.

За концептот на отворена влада во повеќе наврати зборуваше и премиерот Зоран Заев, кој ветуваше дека ќе се направат клупи и масички од железото на оградата. Но неизвесно е дали железото ќе биде пренаменето за тие цели или, сепак, ќе заврши на отпад.

-Оградата од ковано железо беше поставена некаде пред крајот на 2015 година кога всушност се менуваше и фасадата на Владата. СДСМ уште тогаш ветуваше дека штом дојде на власт ќе го отстрани, како што велеа, симболот на груевизмот и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката за отстранување на оградата, сосема очекувано, предизвика различни коментари и на социјалните мрежи.

Извор:lider.mk

Коментирај