Борозан и Гуглета во тимот на колото на ЛШ

0
219

Ракометарите на Вардар и на Металург, Вуко Борозан и Александар Гуглета по одличните игри викендот и големиот придонес за освоениот бод на своите екипи, се најдоа во идеалниот тим на ЕХФ за 4.коло на Лигата на шампионите.

Борозан постигна осум голови за Вардар во ремито (26:26) на гостувањето кај Пик Сегед, додека Гуглета седум пати ја затресе мрежата на Мотор во Харков (28:28).

Идеален тим на 4. коло во ЛШ во избор на ЕХФ:

лево крило – Џери Толбринг (Кристијанштад)
леб бек – Вуко Борозан (Вардар)
среден бек – Габор Чазар (Кадетен)
лев бек – Жига Млакар (Целје)
десно крило – Александар Гуглета (Металург)
пивотмен – Камил Шипжак (Барселона)
голман – Иван Пешиќ (Мешков).

Коментирај