Борко Ристовски: Глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси!

0
377

Глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси!!

По минималниот пораз од Чешка во второто коло од групната фаза на ЕП 2020, за Македонија се уште постојат шанси да влезе меѓу 12-те најдобри екипи во Европа. Треба да се победи на последниот меч против Австрија во вторник во Виена. Тешко, не и невозможно.

После секоја партија во која репрезентацијата губи има огромен број на напади кон играчите, селекторот, тактиката, поединици. Социјалните мрежи се место каде секој може сешто да напише, да покаже дека би одиграл подобро ила да ја каже победничката тактика.

Еден од оние што трпки критки е голманот Борко Ристовски. Но, голманот кој е познат по својот „јазик без влакна“ секогаш прифаќа критики, но истовремено и одговара на сите оние што се правата поголеми репрезентативци од оние што играат.

„Морам да признаат дека не спиевме најдобро, барем ја. И не треба да се спие мирно после секој пораз. Таков е спортот… Тоа е притисок, разочарување, едноставно емоцците кога играте за својот народ и држава се преголеми. Јас сум во репрезентацијата околу 15 години и морам да признаам дека по првпат го почувствував притисокот на политиката на свој грб.

Убаво школо. Корисен дел од мојот живот во и надвор од спортот. Меѓутоа оние што ме познаваат знаат дека јас не сум човек што се откажува ниту повлекува. Бидете сигурни дека нема да се повлечам ниту чекор назад на нападите и критиките кои што се дел апсолутно заслужени и ги прифаќам, но поголем број се орекстрирани политички но има и такви што се лични фрустрации, вели Ристовски.

За оние критичари кои секогаш се јавуваат после поразите вели.

„Велат дека глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси. Така и сега. Ова се нивните 5 минути. Нека ги искористат добро затоа што многу брзо ќе завршат.
Ние (репрезентацијата) имаме незавршена работа во Виена. Не чека натпревар кој е премногу важем за да ги разочараме вистинските македонски навивачи и оние поддржувачи кои одвоиле од својата уста за да дојдат тука и да не бодрат, и сите оние што испратија неколку илјади пораки изминатата ноќ.

Ете затоа се игра за Македонија. Заради својата гордост, својата чест. Честа на своето семејство и народ. А сите оние на кои им смета македонското знаме, македонската химна, македонскиот народ се во огромно малцинство, за наша среќа.

А во вторник има важна задача.

„Затоа воопшто не е важно кој за која партија е. Важно е во вторник сите заедно сплотени да одиме на победа која не носи во вториот круг. Да живее Македонија!

Фејсбук објава на голманот на маледонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски

Коментирај