Бонучи му кажа ДА на ПСЖ

0
461

Италијанските медиуми пренесуваат дека капитенот на Милан, Леонардо Бонучи ова лето би можел да го напушти „Сан Сиро“.

Милан е во тешка ситуација и неодамна доби суспензија од УЕФА поради финансискиот фер-плеј, па некои од ѕвездите најверојатно ќе бидат продадени ова лето.

Најголем интерес постои за Леонардо Бонучи, а денес италијанските медиуми пренесуваат дека веќе постигнал договор со ПСЖ.

Наводно Буфон го убедил својот пријател да му се придружи во Париз и Бонучи кажал ДА на богатата понуда на „светците“.

Милан не сака да се радели од својот капитен, но доколку Бонучи инсистира да ја промени средината ќе биде приморан да го продаде.

„Росонерите“ за неговата слобода ќе бараат 50 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „светците“.

Извор: sportski.mk

Коментирај