Бомба од Виена: Грчката страна прифатила превод и име кое не е слеано, а од Македонија било побарано ерга омнес решение и промена на уставот

0
5134

Вистинска бомба одекна од Виена. Според грчкиот медиум Скаи, грчката страна се повлекла од барањата за слеано име кое ќе биде без превод односно наместо понуденото име „Горнамакедонја“ се дискутирало за предлогот „Горна Македонија“ или преведено на англиски „Upper Macedonia“.

За возврат грчката страна побарала егра омнес решение кое имплицира промена на уставот, особено на Членот 49 кој е најважен за Грција каде што се наведува дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив“.

Преговорите, според Скаи, ќе продолжат по Велигден кога ќе има нова средба Заев-Ципрас и Коѕијас-Димитров.

Коментирај