„Бомба“ од Шпанија: Пјаниќ го напушта Јувентус и станува „крал“

0
411

Странските медиуми пренесуваат дека Миралем Пјаниќ ова лето би можел да го напушти Јувентус по три години поминати во клубот.

Шпанскиот угледен весник „Марка“ ја донесе листата на желби на Реал Мадрид на секоја позиција за претстојното лето и порача дека клубот од Мадрид веројатно ќе донесе двајца играчи за врка.

Еден од нив би требало да игра повеќе во дефанзиваа, а другиот повеќе во офанзива. Во конкуренција се Сергеј Милинковиќ Савиќ, Тиаго Алкантара и Миралем Пјаниќ, а Погба е еден од оние кои повеќе е желба отколку можност. Исто така, треба да се додаде дека се уште не се знае што ќе биде со Матео Ковачиќкој во моментов е на позајмица во Челзи.

Освен тоа, треба да се додаде дека во офанзивниот дел од средниот ред желби се Николо Заниоло од Рома, Кристиан Ериксен од Тотенхем и Еден Азар од Челзи. Италијанските и шпанските медиуми и претходно го преселуваа Пјаниќ во редовите на Реал Мадрид, а освен „Кралевите“ се споменуваат и Барселона и Манчестер Сити.Се верува дека Јуве не би го пуштил својот играч за под 80 милиони евра, но за сега нема никакви индикации дека управата на „Старата дама“ е подготвена да разговара за продажба на Пјаниќ. Тој оваа сезона одигра вкупно 34 натпревари, постигна четири гола и запиша исто толку асистнеции.

Извор: sportski.mk

Коментирај