Болна жена, болна куќа – македонски мудрости

0
1245
  1. Кој си бие жената, тој си бие снагата.
  2. Ако мажот е пијаница, жената ќе е маченица.
  3. Ако не заврни, барем ќе капни.
  4. Арен збор царски врати отвора.
  5. Бели пари за црни дни.
  6. Бог да те чува од домашен арамија.
  7. Брат брата не рани, тешко кој го нема.
  8. Во едното уше му влезе, во другото му излезе.
  9. Газ и нос не знаат за чест.
  10. Галена кокошка просо сонува.
  11. Голем залак голтни и голем збор кажи.
  12. Господ да те чува од лоши пријатели, а од душмани сам ќе се чуваш.
  13. Два лути камења не мелат брашно.
  14. Добриот збор се слуша надалеку, а лошиот се слуша уште подалеку.
  15. Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеди волкот.
  16. Жена, пушка и коњ не се даваат на туѓи раце.
  17. Залудно работи, залудно не седи.
  18. Зборот дупка не дупнува, ама се памети.
  19. Лозјето не бара молитва, туку мотика.
  20. Страв, лозје чува.
  21. Болна жена, болна куќа.
  22. Убавиот збор железни врати отвара.
  23.  Господ да те чува од покондурен опинок.
  24. Господ да те брани од пијана жена и од бесна свиња.
  25. Водата спие, душманот не спие.
  26. Убавите круши свињите ги јадат.
  27. Во секое село треба да имаш по еден пријател.
  28. Далеку оди, ама и за дома мисли.
  29. Водата се може да измие, само лошиот јазик не може.
  30. Орелот се вие во височината, а на свињата местото и е на буништето.
  31. Пријателот во невоља се познава.
  32. Кој сее добрина – жнее добрина.
  33. Арниот јунак дома не умира.
  34. Два пати помисли, еднаш прозбори.
  35. Виното не стои во човекот како што стои во бурето.

Коментирај