Болката во грбот може да сугерира за опасни болести

0
361

Болката во грбот е проблем што скоро секој втор човек се соочува барем еднаш во својот живот. Карактеристично е дека во приближно 6 недели симптомите и болките исчезнуваат. Но, кога болката во грбот е ненадејна, предолга или необјаснета, таа сугерира друг проблем понекогаш опасен по животoт.

Аортна аневризма
Аневризма на аортата претставува слабеење и истенчување на дел од ѕидот на артеријата, што предизвикува проширување слично на балон. Според Американското здружение за срце, овие аневризми може да се појават насекаде низ аортата. Повеќето аневризми на аортата се јавуваат во стомакот, иако е можно да се развијат и во градите. Во секој случај се карактеризираат со силни болки, кoi доаѓаат од внатрешноста во областа на ‘рбетот, бидејќи аортата е длабоко сместена имајќи во предвид дека е главниот централен сад.

Апендицитис
Симптомите на апендицитис се карактеризираат со гадење, повраќање и пониски абдоминални болки. Исто така е можно да се почувствува болка во грбот околу телото на десната страна. Ако се појави оваа болка пред другите симптоми можат да го измамат пациентот дека неговата болка доаѓа од ‘рбетот.

Гинеколошки проблеми
Различни гинеколошки проблеми може да предизвикаат болки во грбот. Пременструалниот синдром кај многу жени исто така се карактеризира со болки во долниот дел на грбот. Во некои случаи, присуството на миом може да предизвика болки во грбот во телото. Ендометриозата е друг гинеколошки проблем кој преку пренос на воспалителните процеси во ткивата би можел да даде одраз и кон грбот.

Остеопороза
Остеопорозата претставува метаболичка болест на коските која ги намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Пациентот може одеднаш да почувствува сериозна болка во грбот со одреден напор или без причина.

Артритис
Артритисот може да влијае на кој било дел од човечката коска, вклучувајќи го и грбот. Долниот дел на основата на ‘рбетот е особено ранлива. Затоа силните болки во грбот може да бидат знак на артритис, а не на диск хернија, дископатија или сличен проблем, со кој најчесто се поврзуваат болките во оваа област.

Болест на бубрезите
Бубрежните камења често предизвикуваат болки во грбот. Ова се случува поради локацијата на овие органи во близина на грбот. Во воспаление или потешкотии во функцијата поради камењата, болката може да биде многу акутна и неподнослива.

Коментирај