Боксерот Пулев се напали на жешката новинарка среде интервју (Видео)

0
1177

Познатиот бугарски тешкаш Кубрат Пулев минатиот викенд во Калифорнија ја запиша првата победа над Богдан Дину, вкупно седма во серија. Но, многу повеќе во медиумите се зборува за тоа што боксерот го направи по победата во рингот отколку за самата победа.

После боксерскиот меч, Пулев даваше изјава за новинарката Џени Суше, со која и претходно имаше правено интервјуа, а која работи за Vegas Sports Daily.

Разговорот течеше нормално до самиот крај. Тогаш, раскрвавен од распуканата лева аркада, боксерот во еден момент ѝ се фрли на Џени и ја бакна во уста пред камерите, а таа остана целосно збунета од неговата постапка.

Џени не стигна ни да реагира, а со оваа постапка Пулев веднаш заврши на насловните страници од медиумите, меѓу кои и угледните ESPN, Sky Sports и The Guardian. Видеото од бакнежот стана вирален хит на социјалните мрежи.

News.com.au пренесува дека Џени и Пулев се само добри пријатели. После оваа ситуација која одекна во медиумите, а која некои ја нарекоа понижувачка за новинарката, Пулев не почувствува потреба да се извини што со крв на лицето, пред камерите и пошироката јавност, одлучи да направи таков интимен гест.

Сепак, тој се огласи на социјалните мрежи со цел да се одбрани себеси од прозивките. Пулев, исто така, потенцираше дека нема ништо повеќе од пријателство меѓу него и Џени.

Извор: taratur.mk

Коментирај