Боки 13 во понеделник, Катица Јанева во вторник на распит кај Русковска за „Рекет“

0
647

Мозокот на случајот Рекет на распит во обвинителство. Боки 13 во понеделник ќе се соочи со обвинителката Вилма Русковска. Тој прв пат ќе влезе во салата за сослушување откако пред повеќе од два месеца заврши во притвор.

Осомничен е за примање награда и перење пари. Досегашната истрага не откри каде завршила сумата од 1,5 милион евра која Боки 13 ја зел од бизнисменот Орце Камчев. Од обвинителството велат дека во тек е финансиска истрага за потекло на имотот кој го поседува Бојан Јовановски.

Ден по распитот на Боки 13, во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ќе влезе и Катица Јанева. Поранешната специјална обвинителка, во вторник напладне ќе одговара на прашања од обвинителството за гонење криминал и корупција. Во период од околу еден месец, Јанева втор пат ќе седне пред обвинителката Русковска. Претходно беше повикана како лице од кое се бараат потребни информации – сега во својство на осомничена. Според истрагата на обвинителството, Јанева како специјален обвинител влијаела врз предметот Империја. Нејзиниот глас се слушна во разговори меѓу Боки 13 и Камчев, а ги објави италијански медиум.

За адвокатот на Јанева, тие снимки не можат да служат како докази во кривичната постапка бидејќи биле незаконски стекнати. Во емисијата 360 степени, адвокатот Ирена Фрчкоска, рече дека снимките од Рекет не треба да се поистоветуваат со разговорите кои СЈО ги користи како доказ во постапките.

Исказите на Боки 13 и Јанева доаѓаат по два месеца откако беше отворен случајот Рекет. До сега, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повика 10-тина сведоци. Пратеници, Раководството на Меѓународниот сојуз на Јовановски, обвинители од СЈО, бизнисмени – одговараа за поврзаноста со обвинетите во Рекет.

Извор: ТВ Сител

Фрчкоска бара снимките за Рекет да не бидат користени како докази – биле прибавени на незаконит начин

Коментирај