Боки 13 од затвор се заканува: Знам како крадат Заев и Харадинај!

0
632

Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 кој е во притвор за аферата „Рекет“ се заканува и вели дека знае како крада Зоран Заев, премиерот на Македонија и Рамуш Харадинај, косовскиот премиер во оставка.

Приказната е во утрешниот број на српскиот дневен весник „Информер“, кој разговорот со Боки 13 го најавува на насловната страница.

Боки 13 и Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец кои се осомничени во случајот „Рекет“ денеска добија нови 30 дена притвор.Тие се товарат за примање награда за противзаконито влијание, а Боки и за перење пари. Истрагата за случајот е во тек и се очекува дали ќе има нејзино проширување.

Извор:република.мк

Коментирај