#БОЈКОТИРАМ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ: Против историското предавство, нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ

0
1330

#Бојкотирам уставни промени. На денот на Крсте Петков Мисирков да го дингеме народниот глас против нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ, стои во повикот за протест на народното движење „Бојкотирам“ закажан за 18 ноември 2018 во 18 часот пред Собранието на Република Македонија.

Нивната објава ја пренесуваме интегрално:

„Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени се организира натпартиски и сенароден протест за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

Движењето #БОЈКОТИРАМ објави проглас против уставните промени – Ова се нивните барања

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Бараме:
– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.“

Извор: Фејсбук страна „Бојкотирам
Линк до настанот: ТУКА

Event-Protest

Коментирај