#Бојкотирам објави видео: Што значи Северна Ерга Омнес? Колку милиони евра ќе ги чини граѓаните промената во Северна?!

0
1830

Движењето #Бојкотирам на социјалната мрежа Фејсбук објави видео со објаснување дека со евентуалното учество на референдумот поддржуварте промена на името на државата во Република Северна Македонија за севкупна употреба, дека прифаќате националноста да ви биде запишана како Македонец/Граѓанин на Република Северна Македонија и дека сите документи треба да ви бидат променети согласно новото име.

Во објавата, од движењето #Бојкотирам дополнително објаснуваат и прашуваат: Што значи Северна Ерга Омнес. Колку милиони евра ќе ги чини граѓаните промената во Северна?! Е затоа #Бојкотирам

Тоа значи дека со евентуално излегување на референдум народот ќе поддржи промена на: пасоши, лични документи, дипломи, учебници, книги, банкноти… и прашаа: Колку тоа ќе ги чини граѓаните? По што порачуваат:

Имам свое јас! Затоа #Бојкотирам
Имам Карактер! Затоа #Бојкотирам

Со овој капитулантски договор потпишан со нашиот јужен сосед за промена на Уставното име и обесчестување на Република Македонија и нејзините граѓани, се бирише името Македонија, се менува уставот, се загрозува идентитетот Македонец и македонско.

Со овој штетен и понижувачки договор се менува: Името, идентитетот, јазикот, историјата, културата, традицијата… се менуваат нашите корени! Затоа #Бојкотирам

Коментирај