Бојкотирам #Апсаана: Животот и Републиката почнуваат и завршуваат со 3-те минути на Тамара – СРАМНО

0
549

„Ќе беше многу безвезе да се откажевме од евровизија и да купевме амбулантни возила“ Тамара Тодевска Северџан

До сега се воздржувавме поради принципиелност, но оваа дрскост и нечовечност ги помина сите граници. Време е некои луѓе да се спуштат во реалноста дека светот не се врти околу нив. Несфатлива е исполнетоста со себе на дотичната дека направила такво дело како откривање на Македонија на светот, иако по 4ти пат учествува на манифестацијата (изведувач + пратечки вокал). Дополнително на тоа, секој поединец од минатото или сегашноста, секој успех на Македонец или македонски колективитет во било кој сегмент од општеството вклучително и музиката се негира и множи со 0. Животот и Републиката почнуваат и завршуваат со 3те минути на Тамара. СРАМНО

Се повеќе се чини дека шпекулациите за потплатување и лобирање кај малубројното жири за промоција на името Севердонија се точни. За актерите позади кои застана целокупната влада и пропагандна машинерија тоа е најбитно, какви болни дечиња, какви амбулантни возила. Сите го тераат истиот наратив, иако до недоамна токму тие беа најгласни во идејата да се заштедат пари и да се употребат таму кај што се најпотребни. Впрочем Бугарија го направи тоа годинава и секоја чест.

Никогаш Северна – Секогаш Македонија

Фејсбук објава на Бојкотирам #Апсаана

Коментирај