Бојкотирам #Апсаана објави кратко резиме на изборите

0
250

Кратко резиме на изборите:

Вмро можеше од старт да каже ние на овие не учествуваме ама тоа ќе беше далеку поштетно за нив отколку што излегоа.

Вмро ако бојкотираше ќе добиеше плус 30 000 ватрени бојкоташи, ама ќе изгубеше 100 000 нормален неутрален народ.

Доколку немаше цензус Северна немаше да се доведе до прашање, туку само ќе се дадеше изговор за промена на устав и бирање претседател во Собрание. Секој што мисли поинаку е или политички апла неписмен човек, или не живее во реалноста.

Тие што бојкотираа сега за парламентарни скоро сите ќе гласаат за вмро, само треба вмро да не го продлабочува јазот со нив.

Овие избори се и те како отскочна даска за вмро за парламентарните. Ене ги кај се дур трепнеме ќе дојде 2020-та и пржинската влада.

Алијанса и Беса ако дадеа поддршка на Гордана со видливи над 30.000 гласа ќе го изгубеа растечкиот рејтинг кај Албанците.

Вака они можеби им дадоа на дуи да добијат перцептивно на краток рок и за небитна за нив претседателска функција, ама затоа пак Сеља и Касами ништо не изгубија, а напротив само ќе растат додека криминалците од дуи ќе паѓаат заедно со велепредавниците од сдс.

Нив ги интересираат парламентарни избори. Замислете каква перцепција ќе се створеше ако Гордана победеше благодарение на нивни гласови. Дуи ќе ги пукаше со цела артилерија дека работат вмро и дека се против ЕУ и НАТО. Затоа и очекувана беше оваа нивна реакција и никаков пазар немаше да ги убеди во спротивното.

Сѐ на сѐ овие избори иако опозицијата ги изгуби во однос на недобивање претседателска функција која како и што видовме во овој период од 2 години октроирана власт и не значи премногу во оваква дисбалансирана политичка ситуација и излезе од овие избори со гордо крената глава.

Опозицијата доби и те каков огромен човечки капитал со кој ќе требаат само да си ја потврдат убедливата победа на идните парламентарни избори кои ќе дојдат набрзо.

#Македонија ќе победи!

Фејсбук објава на „Бојкотирам #Апсаана“

Коментирај