Богоевски тврди дека разговорот го снимил таксист пред неколку месеци

0
351

Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот кој беше објавен од него, го снимил всушност таксист пред неколку месеци, додека тој се возел во такси, објави Фокус. Снимката беше објавена како нова „бомба“, а Богоевски очекува да биде покрената постапка против оној кој неовластено го снимил.

Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил каде се огласи за снимката.

pavle-komentar

Тој претходно потврди дека е негов гласот на снимката, но дека не нарачувал кокаин, како што се тврдеше во објавата на разговорот, туку дека нарачувал масло од канабис за негова блиска пријателка.

„Очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата“, порача Богоевски.

Останува прашањето кој се крие зад псевдонимот „Илија Громовник“ на руската социјална мрежа. Од овој профил, пред околу еден месец беа објавени четири други телефонски разговори од актуелни и поранешни функционери.

Извор:лидер.мк

Коментирај