Богоевски: Груби лаже – ДУИ се виновни за неодземањето на имунитетот на Вељаноски

0
194

Пратеникот Павле Богоевски реагираше откако Артан Груби истакна дека вината за неодземањето на имунитетот на Трајко Вељаноски е во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

– Обидот на колегата Груби да ја префрли вината за вчерашното фијаско на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и на мене како нејзин претседател се проѕирна лага и очаен обид за контрола на штетата која овој процес ја донесе врз нивната партија. – рече Богоевски.
Тој објасна како се обидел да ги добие членовите на комисијата, па ја префрли вината во ДУИ.

– Кога се гласаше на комисијата, јас во три наврати се обидов да ја добијам колешката Мирсада Емини -Асани и испратив и СМС порака. Два пати таа ми го спушти телефонот, а третиот пат крена, најверојатно по грешка и дванаесет секунди ми дишеше на телефон без да изусти ниту збор. Тогаш престанав да се обидувам да ги добијам. До моментот на започнување на последното продолжение на комисиската седница, јас немав потврда дека колешката ќе дојде, ниту дека е испратено возило по неа. Единствена работа полоша од тоа Комисијата да нема став, е да нема кворум и да не може да гласа. Доколку чекавме со гласањето, а колешката не пристигнеше, се што требаше да направат ВМРО-ДПМНЕ е да излезат од салата и комисијата немаше да може да ја заврши седницата. Тоа е единственото сценарио кое не би го обврзало Џафери да ја закаже пленарната седницата. Затоа, нека престанат да ја лажат и манипулираат јавноста – единствената одговорност за вчерашното прекинување на седницата и за заштитата на Трајко Вељаноски е кај Талат Џафери и кај ДУИ. – рече Богоевски.

Извор:Република

Коментирај