Бобан Нонковиќ: СТРАВ ВО КОСКИ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

0
2928

Демек, заради безбедносниот протокол при заминувањето на делегацијата на НАТО, предводена од генералниот секретар Јенс Столтенберг од Скопје, полетувањето-слетувањето на чартер-авионот со македонските херои од РК Вардар, денес е неколку пати одложувано.

Со оглед на тоа што, конечно, пред неколку минути полета чартерот со европскиот ракометен шампион од аеродромот во Келн, македонските горостаси би требало да пристигнат во Македонија околу 22 часот, иако претходно беше предвиден нивниот пречек да биде околу 18:30 часот!

Лицемерниот патриотизам на градскиот очув на Скопје, Шилегов, со испраќање на чартер-авион за ракометарите, се покажа како уште едно фрлање во бунар на народните пари, ако се знае дека нашите Спартанци од Келн требаше денес да пристигнат на аеродромот „Александар Велики“ во 23:30 ч. со редовен лет, а вака, со чартерот на пијаниот скопски очув, ќе дојдат само еден час порано и 39.500€ помалку, потрошени народни пари од касата на Град Скопје за намерно одложуваниот чартер-лет.

Квинслишката окупаторска власт во македонската земја е престрашена од напливот на патриотска енергија кај македонскиот народ, кој во десетици илјади е распослан долж рутата и на аеродромот (каде ќе пристигнат ракометарите), односно на плоштадот „Македонија“ (каде е официјалниот пречек) и гласно и непрекинато извикува „Никогаш Северна, само Македонија“ (што одекнуваше и синоќа, во „Ленксес“ арената каде со тој извик ги надјачавме и повеќебројните унгарски навивачи!).

Кога и да пристигнат, Македонците масовно ќе ги пречекаат своите херои и ќе одекнуваат патриотски песни насекаде низ републиката, бидејќи Македонштината се разгоре и никој од македонскиот народ нема да дозволи да згасне. Никогаш!

Заев и плуто-клептократската предавничка банда се свесни дека од синоќа започна обединувањето на Македонците зад континенталниот успех на РК Вардар и со бајракот со Сонцето од Кутлеш тргнуваат во враќање на татковината, на Република Македонија во владение на нејзиниот суверен – македонскиот народ!

Заев и неговите разбојници од окупаторската фашистичка власт се свесни дека денес Македонецот го исправа ‘рбетот и тргнува да си ја врати украдената татковина!
Странските поддржувачи на Заев и бандата и тоа како ги знаат зборовите на легендарниот англиски писател Алан Мур:

„Луѓето не треба да се плашат од својата влада. Владата треба да се плаши од својот народ“!

#НикогашСеверна
#МакедонијаВечна

Фејсбук објава на новинарот Бобан Нонковиќ

Никогаш Северна, само Македонија – ечеше на бината и на цел плоштад (ВИДЕО)

Коментирај