Блискиот соработник на Спасовски со критики за Владата: Од Прибе не сме се ни поместиле, актуелната власт нема ни план ни стратегија како да ги подобри состојбите во правосудството

0
178

Во своето гостување во емисијата „Само вистина“ првиот човек на Комисијата за ветинг во МВР, Никола Дујовски и функционер на актуелна власт зборуваше за состојбата во правосудството.

Тој истакна дека актуелната власт нема ниту план, ниту стратегија како да ги подобри состојбите во правосудството.

Според него, ниту почетокот за преговорите за членство со ЕУ, ниту применувањето на европските практики ќе ни помогнат бидејќи го имавме извештајот на Прибе, а оттогаш не сме се ни поместиле.

-Доколку судиите се издигнат над злоупотребите кои што се случуваат и во јавното обвинителство и во судството, тоа е еден систем и те како потребно да се реформира. Потребни ни се луѓе со интегритет, луѓе кои што ќе знаат да кажат да кога треба да се каже да, и да кажат не тогаш кога е очигледно дека треба да се каже не, и на сето тоа мислам дека ние ниту имаме план, ниту имаме стратегија, ниту пак можеме во релативно кус временски период да ги поправиме работите, рече тој.

Коментирај