Бизнисмен од прилепско распали по власта и повикува на протест: „Бог нека ни е на помош, овде веќе не гледам ниту мир, ниту живот”

0
1288

Eстрадниот пејач и бизнисмен од Кривогаштани, Рубинчо Благадуша, упатил допис до порталот Маркукуле во кој упатува жестока критика до власта.

Во дописот тој пишува за неговата разочараност од актуелното владеење, постојаните закани, притисоци и казни кои ги трпи, а упатува и повик до сите граѓани и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се излезе на улица и да се започне со отпор против актуелната Влада.

„Беззаконие невидено, ова ни било ни ќе биде. Веќе не се издржува, Бог нека ни е на помош! Овде веќе не гледам ниту мир, ниту живот.

Јавно повикувам до цел Мaкедонски народ, без разлика на националност. Браќа сите да излеземе, да се собериме, да го искажеме револтот и да ја турнеме оваа криминална влада, која само за 20 луѓе во Македонија е добра за да си ги полнат џебовите.

Јавно повикувам и до мојата матична партија ВМРО ДПМНЕ и до господинот Hristijan Mickoski. Преседателе ве молам преземете побрзи мерки, народот вас ве чека. Само кажете два збора сите да излеземе и да покажеме дека постои сеуште Македонија и Македонски народ. Веќе не се живее, секој ден притисоци, закани, казни… До кога ќе чутиме, кога ќе биде касно, кога ќе не нема… Се побегна од државава, ништо не остана, а и тоа што остана за леб ќе пропита додека некој си ги полни џебовите.

А, вие што се нарекувате влада, под итно да си заминете, бидеќи ќе ве снајди истото сценарио од времето на Чаушеску. И што сега после објавава, пак ќе пратите испектори да пишите казни. Ако ќе издржам, мојава кожа е дебела, трпи, но да знате ќе ви дојде крајот. Не само народот, туку и Бог ќе ви пресуди.

Срам сте невиден, арам да вие живота во вас. Ниту постоело нешто човечко, ниту ќе постои и нема да ме запрете клошари едни! Македонија вечна”, стои во неговиот допис.

Извор: Курир.мк

Коментирај