Бизарни работи кои биле илегални во средновековна Европа

0
201

За бруталните казни од средниот век се уште се зборува, но ако се земат предвид законите под кои биле спроведени, тогаш некако се добива смисла.

Луѓето одамна сфатиле дека е потребен систем кој ќе го дисциплинира “непожелното“ однесување, а во средниот век таквите казни биле ужасни.

Пред неколку стотини години, во средновековна Европа, општествено прифатено однесување подразбирало работи кои денес се незамисливи. Кој не почитувал правила, бил најстрого казнет.

За среќа, ова денес не постои.

Играње тенис

Со законот од 1495 година, децата кои не потекнувале од аристократско семејство им било забрането да играат тенис. Единствено кога можеле да го прават тоа било за Божиќ, но под услов да се игра на затворено, односно во куќата на својот господар. Се сметало дека играњето тенис ќе ги поттикне на коцкање.

Играње фудбал

Фудбалот не се сметал за многу цивилизирана игра во тоа време. На терените се јавувала вистинска борба, со многу штети и многу повреди. Англискиот крал Едвард 2 на 13 февруари 1314 година издал наредба за забрана да се игра фудбал во Лондон. Забраната е укината во 1650 година.

Да се почине во парламент

Според анкета направена во 2007 година, ова се смета за еден од најсмешните закони во историјата, кој верувале или не се уште се применува во Велика Британија.

Во средниот век е одлучено секој кој ќе почине во парламентот ќе има право на државен погреб. Тогаш, некои од обичните поданици ја обезбедувале оваа прилика за своите блиски, злоупотребувајќи ја оваа ситуација. Поради тоа, била донесена одлука за забрана да се почине во парламентот.

Мажење без дозвола на господарот

Еден од најголемите престапи бил да се омажите без дозвола за господарот. Тој морал секогаш да даде одобрување. Уште полошо, доколку слугинката остане без сопруг, господарот е должен да и обезбеди нов. Најстрого се казнувале оние кои се спротивставувале.

Да се украде мртов кит

Овој закон има смисла само тогаш кога ќе кажеме дека средновековната палата била најважното нешто за луѓето. А китовите биле на менито само за кралот и кралицата.

www.hybread.mk

Коментирај