Битолчани со маици „Турни ме да кинисам“ трчаа на спортската манифестација „Охрид трчаТ“

0
314

Денеска во Охрид се одржува спортската манифестација „Охрид трчаТ“ по втор пат, после минатогодишното прво издание. Охрид трчаТ 2018 им нуди на сите професионалци, рекреативци и тркачки ентузијасти неколку трки и тоа трка на 10 и 5 километри и тим билдинг трка како дел од трката на 5км. Сите кои се дел од трката, ја имаат уникатната можност да трчаат по улиците на Охрид, градот на УНЕСКО и да се дружат непосредно со светската историјата, култура и природно богатство.

Оваа година околу 50-тина битолчани учествуваа на трката и предизвикаа огромно внимание со нивните интересни маици на кои го пишуваше добро познатиот битолски израз „Турни ме да кинисам“.

Коментирај