Битола го доби најмодерниот ноќен клуб „Paradiso“

0
1890

Летната сезона во Македонија подразбира отварање на нови клубови, кафе-барови , ресторани, а токму од 30 мај среда започна со работа нов ноќен клуб во Битола. Станува збор за клубот „Paradiso“, кој се наоѓа во подножјето на Националиот парк Пелистер. По примерот на светските клубови и во „Paradiso“ секоја вечер ќе биде со разновидна програма, а ќе се организираат различни забави за сечиј вкус како и многу изненадувања за сите гости. Вниманието на отворањето на клубот го привлекоа многу важни гости и познати македонски личност, бизнисмени, политичари, музичари, спортисти, фотомодели. Клубот „Paradiso“ одлично ја заврши задачата и ги помести границите во ентериерско уредување, ги врати младите на подиум, а за во иднина очекуваме дека ќе ги донесе најпопуларните артисти од земјава и регионот, со што трба да донесе резултат на урбано живеење и европски стандарди за работа. – Амбиентот и визуелниот изглед на „Paradiso“ е олицетворение на софистицираност од светска класа, што ја имаме забележано шетајќи низ светските метрополи. За поздрав е отворањето на еден ваков клуб во Битола. Oдлично позиционираната локација со поглед на градот Битола и, секако, беспрекорната услуга на персоналот се само дел од нештата по кои клубот „Paradıso“ се издвојува во битолскиот ноќен живот.

Коментирај