Бисери на источната мудрост

0
1337

1. Дијамантот кој паднал во калта пак останува дијамант. А правот  иако се издигнува на небесата, останува прав.

2. Мудрата жена додава шеќер кон сè што зборува мажот, и така ја отстранува солта од неговите зборови кон неа.

3. Чувај ги луѓето кои по средбата со нив во душата ти се раѓа нешто светло и радосно.

4. Зборовите кои се кажани од срцето, стигнуваат токму во срцето, а оние кои се кажани само од јазикот, не стигнуваат подалеку од ушите.

5. Премолчениот збор е твојот роб, иазустениот – твојот господар.

6. Смртта е стрелата што лета кон тебе а животот  е моментот пред да стигне до тебе.

7. Победата над слабиот е многу слична на поразот.

8. Најголема несреќа е да имаш потреба од помош од луѓе кои ги презираш.

9. Секогаш гледај на работите од нивната светла страна, а ако нема таква исчисти ја темната се додека не заблеска.

10. Вистински пријател е тој кој ги чисти камењата и трњето од твојот пат.

11. Наутро, кога сонцето изгрева, дозволи му да влезе во тебе.

12. Има убавина, над која годините немаат власт – убавината на срцето.

13. Во нас цути она што го храниме – таков е вечниот закон на природата.

14. Ако имаш можност да ги исправиш последиците од својата грешка, значи не си погрешил.

15. Секое нешто има свое зајдисонце и свој крај, само ноќта завршува со изгрејсонце.

16. Човек има еден јазик и две уши, за да слуша повеќе и да зборува помалку.

17. Богатиот може да си го купи најскапиот самурајски меч, но не може да си купи срце на самурај.

18. Пријателот се познава во неволја, херојот – во жестока битка, жената – во незгода, а душата – во молитва.

19. Кога немаш внатрешен непријател, надворешниот не може да те повреди.

20. Ако можеш да помогнеш на човек – помогни, ако не можеш – помоли се за него. Ако не знаеш како да се молиш помисли му добро. И ова ќе биде од помош бидејќи светлите мисли се исто така оружје.

21. Оној човек што поцрвнува на лицето не може да има црно срце.

22. Советувај се со илјадници луѓе а тајната откриј ја  само на еден човек.

23. Непријателите се три вида: непријател, пријател на непријателот и непријател на пријателот.

Коментирај