Билетите за натпреварот против Ерменија по цена од 100 и 150 денари

0
443

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе учествува во новото натпреварување на УЕФА, Лига на нациите, и ќе се обиде за првпат во својата историја да обезбеди пласман на Европското првенство.

Македонската репрезентација првиот домашен натпревар од Лигата на нациите го игра на деветти септември против Ерменија со почеток во 18:00 часот во Скопје.

Билетите за натпреварот ќе бидат пуштени во продажба од трети септември и истите ќе можат да се купaт по цена од 100 денари за јужната трибина и 150 денари за северната трибина.

Од ФФМ информираат дека продажен пулт ќе има во Скопје сити мол во период од трети до деветти септември, а билетите ќе може да се купат и преку продажната мрежа на „МКТикетс“.

Воедно влезници ќе можат да се купат и на благајната на националната арена „Филип Втори“ на денот на натпреварот од 12:00 часот до почетокот на натпреварот.

Коментирај