БИЧИКЛИСКИ: ВАКА ДА ВИ КАЖЕ БАТО СЕГА… НЕМАМ НАМЕРА ДА ИЗЛЕГУВАМ НА РЕФЕРЕНДУМ… БОЈКОТ И НИКАКО ПОИНАКУ

0
425

„Вака да ви каже бато сега и да завршам со муабетов во идниов период…

Јас Александар Бичиклиски еднаш во 1991 година се изјаснив на референдум за Независна и суверена република Македонија,референдум што беше Плебисцит (државотворен) и немам намера сега ,во иднина и засекогаш да излегувам на референдум за истата да ја уништам и поништам….

И не постои сила што ќе ме натера да излезам бидејќи само така ќе сме она што сме…

Во последните 80 години од моето најблиско семејство 8 луѓе го дадоа животот за суверена независна и обединета Македонија, а јас денес мизерен ни името не можам да си го раатисам… БОЈКОТ и никако поинаку“ гласи фејсбук статусот на Александар Бичиклиски.

loading...

Коментирај