Бездомник казнет со 49 дена затвор бидејќи преспал во овој фамозен двор

0
319

Бездомник кој влегол и четири часа преспал во дворот на Бакингемската палата, која претставува официјална резиденција на британската кралица, беше уапсен и осуден на казна затвор од 28 дена и дополнителен затвор од 21 ден за уништување на имот.

Судот во Вестминистер информираше дека инцидентот се случил на 16 јули, а 44-годишниот бездомник Стивен Лоулороткако влегол во кралскиот комплекс ја откорнал огласната табла од металната решетка и ја искористил за да си легне.

Лоулор во Бакингемската палата влегол околу еден часот по полноќ, а го забележало обезбедувањето рано наутро во пет часот.

Неговиот адвокат изјави дека тој само сакал да „поспие“ и дека се извинува за проблемите. Лоулор ја призна вината пред судот и се извини за незаконското влегување и нанесената штета.

„Претходно сте биле осудени 70 пати, а ова е само уште еден престап во вашата низа“- рече судијата кој го водеше процесот.

Лоулор е осуден на 28 дена затвор за незаконско влегување во заштитена област, а доби и 21 ден затвор за нанесената штета во висина од 210 фунти. Двете казни ќе ги издржува истовремено.

Извор: taratur.mk

Коментирај