И без победа на Вардар, Заев има мака со „играчот со број 5”

0
479

Премиерот Зоран Заев се наоѓа во комплицирана политичка ситуација откако неговите медиуми и „инфлуенсери” со месеци го напаѓаат Столе Стоилов, а тој вечерва како капитен на Вардар може да го подигне шампионскиот трофеј во ракометната Лига на шампиони, анализира „Експрес“.

Стојанче Столе Стоилов заедно со Борко Ристовски во неколку наврати јавно се спротивстави на промената на уставното име по што новинари, медиуми и инфлуенсери под контрола на Заев жестоко го нападнаа пред сè на социјалните мрежи.

Победата на Вардар ќе значи дека премиерот мора да го повика на прием капитенот и тимот како што ја прими Тамара по „Евровизија“.

Со тоа Заев ќе си има мака и со дел од македонските Албанци кои го нападнаа Столе откако на настан на Агенцијата за млади и спорт се спротивстави на несоодветна употреба на македонскиот јазик во однос на албанскиот.

Поради овој инцидент сервисот на албански јазик на МРТВ Стоилов го нарекуваше „играчот со број” без да му го споменува името.

Пријатели на Стоилов кој добро го познаваат капитенот на Вардар на Заев му препорачуваат да го избегнува капитенот, воопшто да не се обидува да собира поени на успехот на ракометните ѕвезди и да не се појавува на прославата во Скопје која ќе ја има без разлика дали Столе и другарите ќе победат вечерва.

Доколку пак Заев го послуша советот и го бојкотира Стоилов ќе влезе во војна со “Комитите” за кои тој е спортска икона но и личност од национална важност.

Извор:Република.мк

Коментирај