Бев уценуван од СЈО да гласам за Северна: Илија Димовски со шокантно сведоштво за уставните измени

0
3804

Не се обвинувања јас на своја кожа го почувствував тоа, нема кај кого да го пријавам случајот, изјави долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма коментирајќи го денот на гласањето на уставните измени т.е. промена на името и предметите кои СЈО ги води против него.

Тој во емисијата каде дебатираше со пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин КОстадинов посочи дека некој проценил дека Димовски може да биде притиснат и ќе гласа за промена на името на државата.

-Предметот Талир за да ви одговорам директно беше поднесен утрината на денот кога беше второто гласање во Собрание за промена на уставното име и беше директен притисок врз мене за да гласам за промена на уставното име. Значи сабајлето беше поднесен, вечерта беше гласањето за уставното име. Што се случило во меѓувреме и ден претходно и два дена претходно јас знам. Ако се поччитувал законот за СЈО тој предмет не ни смеел да се поднесе затоа што беше надминат законскиот рок од 18 месеци, но поднесен истиот ден кога се гласаше промената на уставното име. Некој проценил притисни го Илија ќе гласа за уставните измени, рече Димовски.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од целата дебата на Димовски и Костадинов во емисија „Топ Тема“ од понеделникот (24.2.2020 година):

Коментирај