Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

0
310

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка помош од лиценцирани психолози.

Помошта ја обезбедија Комората на психолози во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Психолозите – лиценцираните членови на Комората на психолози ќе отворат психолошки советувалишта во Гостивар и во Скопје“, соопштија од Комората.

Во несреќата која се случи во средата попладне загинаа 14 патници, кога од патот излета автобус кој одел кон Гостивар со 51 патник.

37 од патниците се во болница, а седуммина се во критична состојба.

Коментирај