Беше славна и посакувана, а потоа исчезна: Еве како изгледа пејачката по 10 години кога ја претстави новата песна

0
276

Веста дека Аланис Морисет се врати на сцена после десет години е актуелна во светските медиуми.

Пејачката, која се прослави кон крајот на 1990-ите, ја објави песната „Reasons I Drink” (Причини што пијам), која на Јутјуб ја слушнаа 15.000 луѓе. Многумина на кои им недостасуваше гласот на Аланис Морисет едвај ја дочекаа новата песна.

Убавата 45-годишна пејачка целосно го сменила својот имиџ и многумина не ја препознаваат. Оваа година, таа го роди своето трето дете, Синот Винтер. Пејачката и шест години помладиот рапер со уметничко име Солеј ги имаат осумгодишен син Евер и 2-годишната ќерка Оникс.

Канадската кантавторка потврдила дека ќе тргне и на светска турнеја за да ја одбележи 25-годишнината од албумот, кој ја прослаил ширум светот. Таа открила дека ќе настапува, како и некогаш, со Елизабет Фаер и групата „Garbage“.

Првата турнеја посветена на албумот на Аланис Морисет „Jagged Little Pill“ се случи во 1998. година, три години по објавувањето на изданието со хитовите „Ironic“, „You Oughta Know“, „Hand in My Pocket“ и „Head over Feet“.

По објавувањето на славниот албум, Аланис, во истото друштво, ќе ги потсети обожавателите на песните од албумот што и донесе светска слава.

Извор: kurir.mk

Коментирај