Беше оневозможено поставување на прашања: НА ШТО НЕ ОДГОВОРИ ЦИПРАС?

0
583

На што не одговори Ципрас?

Неспорно историска посета на грчкиот премиер, непотребно засенета од неколку инциденти. Меѓу нив, забраната Ципрас да одговори на неколку прашања кои за овдешната јавност се секако многу важни, но колешката Iskra Korovesovska беше оневозможена да ги постави.

На пример она за јазикот на малцинство кое живее во Северна Грција. Нели нашите власти постојано повторуваат дека грчката страна треба да одговори на тоа прашање. Идеално беше, кога веќе Ципрас ни дојде на тацна, да објасни каков е нивниот став околу јазикот на тоа страшно малцинство.

Или за најавите од Мицотакис (а човекот за неколку месеци без сомнение ќе биде нов грчки премиер) дека ќе ги блокира пристапните преговори за ЕУ доколку не се исполнат некои нови услови. Ние ги исполнивме сите барања во Преспанскиот договор, какви сега нови услови, но грчкиот премиер немаше шанса да одговори ниту на ова прашање.

Или на пример, нели му беше и на него чудно тоа што го пречекуваат без химни и гардисти? Бил во посети секаде низ светот, сигурно првпат му се случува да го пречекаат вака, без нужна симболика и почести?

Нема дилеми дека Ципрас, врвен политичар и оратор, без проблем ќе најдеше соодветени изговори, односно одговори на ваквите прашања, но од некоја причина не дозволија да бидат поставени. Ајде, можеби во следната прилика! 🙂

Фејсбук објава на новинарот Драган Милосављевиќ

Коментирај